
После осум години и 236 настапи во синиот дрес, Сенегалецот Калиду Кулибали го напушти Наполи, односно се пресели во Челзи за 33 милиони фунти.
Како негова замена, италијанскиот клуб го доведе Кореецот Ким Мин-џае, кој ги бранеше боите на турскиот Фенербахче.
25-годишниот централен дефанзивец помина една сезона во Истанбул и одигра 31 натпревар, притоа постигнувајќи еден гол во триумфот од 2-1 над Конјаспор.
Пред да се стекне со европско искуство, Кореецот настапуваше за Гјеонгџу, за Јеонбук и за Пекинг Гуоан, а од 2017 наваму, запиша и 42 настапи за својата земја.
Според италијанскиот ,,Скај Спорт”, Наполи го откупи Ким за 20 милиони евра со плата од 2,5 милиони евра по сезона.