Екипата на Голден Арт денес ги започна подготовките во пресрет на новата сезона во која ќе се натпреваруваат во Суперлигата. Покрај новите ракометари во стручниот штаб на Никола Матлиевски има уште едно ново име. Станува збор за големиот талент на македонскиот ракомет стружанецот Марко Нелоски, кој поради повреди долги време е надвор од ракометните терени.