На 31 август 2015, Ријека од шведскиот Хекен, во своите редови го доведе Македонецот Леонард Жута. Жута игра на позицијата лев бек, а во хрватскиот тим беше до 2018. Моментално настапува за турскиот прволигаш Коњаспор. Иако на „Кантрида“ и „Рујевица“ беше само три години, македонскиот интернационалец остави длабок впечаток кај претставниците на „Армада“ и беше еден од најзаслужните играчи за освојување на двојната круна во 2016/17 под водство на Матјаж Кек.
Во дресот на Ријека, Жута забележа 109 настапи и постигна два гола.
Денес, навивачите на Ријека ги одбираа најдобрите единаесетмина за претходната деценија, а како најдобар лев бек беше избран токму Леонард Жута. Во анкетата учествуваа вкупно 3287 луѓе, а Жута собра дури 44,3% од гласовите.



