Овосезонскиот плејоф на англиската шеста лига (Нешонал Лиг Саут) ни донесе големи возбудувања и нов петтолигаш. Станува збор за Вејмут ФК, кој се пласира во петтата лига за првпат по единаесет години.
Имено, во финалето, Вејмут славеше на пенали против Дартфорд, откако, по два часа игра, резултатот остана 0-0. Играчите на Вејмут (Вилан, МекКарти и Ентони) ги погодија сите три шутирани пенали, додека играчите на Дартфорд (Џеб, МекКвин и Хасин) ги промашија своите удари од белата точка.
Тренерот на Дартфорд, Стив Кинг, важи за еден од најнесреќните тренери поради тоа што го загуби и своето четврто плејоф финале.
Вејмут, на патот до финалето, во полуфиналето, ги елиминира Доркинг Вондерерс (3-2), додека Дартфорд беше поуспешен од Слаф (0-3) и Хавант енд Ватерлувил (1-2).