Третиот настан од новата сезона во Лонжин Глобал Чемпионс Тур се одржа во францускиот град Сен Тропе.
На него, до победата, после напнатиот бараж, дојде Швеѓанецот Педер Фредриксон (34,98) со својот коњ Кеч ми нот.
Само 0,93 секунди заостаток имаше второпласираниот негов сонародник, Хенрик Вон Екерман, јавајќи го Кинг Едвард.
Најдобриот после регуларниот дел, Симон Делестр, со најмалиот коњ Хермес Рајан, го освои третото место (35,74), поради едната срушена препрека што му донесе казна од четири поени.
Во продолжение, Хари Смолдерс и Никола Делмот (35,83) го поделија четвртото место, а најслаб учесник во баражот беше Питер Девос (36,89).
Од јавачите, кои го завршија својот настап во регуларниот дел, најдобри беа Кристијан Алман (72,20 + 1), Оливие Перо (67,55 + 4) и Едвард Леви (68,48 + 4).
Веќе наредниот викенд, јавачите, заедно со нивните коњи, ќе патуваат во холандскиот Валкенсваард, каде што ќе се натпреваруваат по четврти пат сезонава.