Битола во Купот на Македонија во 1/4 финале ќе има два клуба. После елиминацијата во 1/8 финалето над ЖФК Речица од страна на ЖФК Топ Гол, успешен настап имаше и вториот битолски преставик во купот, каде што на домашен терен, тимот на ЖФК Атлетико оствари триумф од 3:0 против ЖФК Плачковица од Радовиш.
Натпреварот се одигра во фер и коректна атмосфера, каде што домашните фудбалерки имаа иницијатива и повеќе шанси и таквиот пристап им се исплатеше со три постигнати гола.

Најзаслужни за победата се стрелците Јована Павловска, Надица Цапевска и Кристина Велјановска. Гостинските фудбалерки во склоп на своите можности се потрудија да дадат поголем отпор и тие сега во првенството им преостанува да извлечат некој поволен резултат.



