Авангард Омск е вториот тим од Источната конференција што избори пласман во четврт-финалето на КХЛ.
Имено, ,,Јастребите” во првата фаза од плејофот го добија Автомобилист Екатеринбург со вкупни 4-1.
Последната меѓусебна пресметка беше одиграна денес и истата заврши со 3-1 во корист на Авангард.
Во првата третина, водство на гостите им донесе легендарниот Павел Дацјук, кој воедно го постигна и последниот гол за својот тим во оваа сезона.
Од друга страна, домаќините од Омск ги забележаа сите три голови во вториот период, а стрелци на истите беа Сергеј Толчински, Јиржи Секач и Алексеј Береглазов.
📸 Twitter: ХК Авангард