Нема сомнение дека Порше 911 е една од иконите на автомобилската индустрија и модел кој одбележа добар дел од дваесеттиот век. Се појави на пазарот уште во далечната 1968 година и оттогаш се произведени повеќе од 1,1 милиони примероци.

Оливер Блум наведува дека тоа не значи дека Порше нема да понуди електричен спортски автомобил, само дека е сигурно дека засега тоа нема да биде 911. Оливер Блум потврдува дека Порше ќе инвестира 15 милијарди евра во електрификација, одржливо производство и дигитализација во следните пет години.



