Градското одделение за отворени простори и планински паркови (ОСПМ) во заштитено природно подрачје во Болдер, Колорадо поставило девет камери за следење и учење за локалните видови диви животни, додека присутноста на луѓето во чувствителните живеалишта е сведена на најмала можна мерка.Во паркот од 46.000 хектари има 9 камери за детекција на движење. Тие се активираат секогаш кога некое животно ќе помине покрај нив.
Како што јавува BBC црна мечка од заштитено природно подрачје во Болдер, Колорадо (САД), направи околу 400 селфи со камера за диви животни. Камерата за снимање движења снимила вкупно 580 фотографии, а на околу 400 фотографии од ноември минатата година била истата, црна мечка која обожава да се слика.
„Фотографиите не насмеаа, па решивме да ги споделиме со другите“, изјави портпаролот Филип Јејтс во соопштението.




