Членовите на англиската трета лига, Бристол Роверс, деновиве добија нов терен за тренинзи наречен ,,Алмондсбери Тренинг Граунд”.
Овој тренажен простор, освен со одличната подлога, се одликува и со неверојатниот поглед што доминира во позадината.
,,Игралиштето е одлично и едвај чекаме да почнеме да тренираме таму… Ова е голем чекор нанапред за нас!” – се огласи тренерот на Роверс – Бен Гарнер.
Имено, ,,Пиратите” веќе одработија дел од своите тренинзи на новиот терен,во пресрет на денешниот дуел против Хал Сити.