недела, октомври 1, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН ЗАБАВА

(Фото) Славе Келешоски – Најпознатиот македонски диск џокеј на сите времиња

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јануари 11, 2022
📁 ЗАБАВА, МУЗИКА

“Музиката е тоа се што ни треба. Тоа беше мотото уште од средно училиште. Кога сите носеа книги во ташните јас го носев списанието ЏУБОКС. Долга коса, траперки заштитен знак …Хипи време, Рок музика, слушајќи ноќни програми најповеќе италијански се најдов себеси дека тоа што сакам да го правам е да бидам Ди-џеј.” – вака специјално за порталот www.javisejuzna.mk се потсетува на убавите времиња Славе Ќелешовски или попознат како Dj Crazy Slave. Најпознатиот македонски диск џокеј на сите времиња, но и организатор на многубројните концерти и забави во Струга и цела Македонија во минатото.

Славе

Шансата ми се пружи кога во организација на “Екран” почна манифестацијата Избираме Најдобар Ди-џеј во Македонија и тоа во Диско Турист – Скопје. Станав трократен победник на тие избори далечните 70-те .Така поцна мојот животен Диџеј-ски пат. Дискотеки, Младински, Јуниор ,Алга, Бисер, Градиште, Крани, Еуро хотел, Лагадин.

Во меѓувреме настапував како Ди-џеј со својата Патувачка Disco Expres во повеќе градови во Македонија и поранешна Југославија. Патувајќи често во поранешна Југославија имав можност да запознаам повеќе луѓе од естрадата со кои што почнав и соработка. Организирав концерти насекаде по Македонија со многу познати естрадни звезди: Црвена Јабука, Бајага и Инструктори, Галија, Бора Чорба, Рамбо Амадеус, Леб и сол, Меморија, Аки од Парни Валјак, Јелена Тинска, Викторија, Жељко Бебек, Масимо Савиќ, Зана Нимани, Ален Славица…. Списокот е долг и веројатно некои и сум заборавил да ги спомнам во моментов

Бајага и Славе
Славе и Зана Нимани
Славе и Масимо Савиќ

Славе со пријателот Здравко Чолиќ

Еден од концертите што се незаборавни е оној на Плави Оркестар во Струга Јануари далечната ’91. Беше тоа незаборавен (бесплатен) концерт за Стружани во центарот на Струга, пред Хотел Београд. Ете како куриозитет прв ја донесов денес мега популарната Цеца во Македонија која настапи и во Струга. Тоа беше промоција на нејзината прва касета “Цветак Зановетак”. Цеца тогаш беше средношколка која татко и Слободан ја возеше со едно црвено Југо.

Koнцертот на Плави Оркестар во Струга
Dj Crazy Slave и мега популарната Цеца

Музиката сеуште е присутна во мојот живот. Така да и натаму сеуште настапувам како Ретро Ди-џеј на лето кога доаѓам во Македонија. Оние што сакаат може да ме пратат на facebook Slavé Kelesovski и на YouTube DjCrazySlave.

Голем поздрав од Мајами за читателите на порталот www.javisejuzna.mk од стружанецот Славе Ќелешоски (Dj Crazy Slave).

Dj Crazy Slave
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Комори дебитираше со пораз во дуелот на два фудбалери од Црвена Ѕвезда

Следна вест

СРЕЌНО МОМЦИ! Денес Македонија патува за Унгарија на Европско

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Музичарот Петар Маркоски доби Златна статуетка на Murex D’or во Либан
МУЗИКА

Музичарот Петар Маркоски доби Златна статуетка на Murex D’or во Либан

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Сеп/2023
(Галерија) Важи за една од НАЈУБАВИТЕ жени во светот
ГАЛЕРИИ

(Галерија) Важи за една од НАЈУБАВИТЕ жени во светот

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
03/Сеп/2023
(Видео) “Послушајте патриоти” во изведба на Наум и ДНК
МУЗИКА

(Видео) “Послушајте патриоти” во изведба на Наум и ДНК

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Сеп/2023
Започна 62.издание на “Струшките вечери на поезијата” (Фото)
ЗАБАВА

Започна 62.издание на “Струшките вечери на поезијата” (Фото)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Авг/2023
Следна вест
Македонија денес во 12 часот стартува со подготовките за Европско

СРЕЌНО МОМЦИ! Денес Македонија патува за Унгарија на Европско

Последно

Струшките триатлонци одлични на државното првенство во друмски велосипедизам

Одличниот Талески најефикасен во победата на Бенфика

Костески и Кукуловски ги водеа своите тимови до победи

Победи на фаворитите во 4.коло од Суперлигата (Целосен извештај)

Бошњак и Бугариновиќ го “торпедираа” Скопје

ВО ЖИВО: Аеродром – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.