Исак Дрогба, синот на легендарниот голгетер Дидие Дрогба, потпиша за тимот на Фолгрое Каратесе, кој е дел од четвртата италијанска лига, односно во Серија Д. Исак е роден во декември 2000 година во Париз, а како тинејџер беше дел од младинската селекција на Челзи.
Исак Дрогба потоа играше за Генгамп во Франција, а сега ќе игра во четвртата лига во Италија. Екипата на Фолгрое Каратесе на својата официјална страница се пофали дека во своите редови го има синот на еден од најдобрите голгетери во изминативе 30-тина години.