Додека ракометарите на Вардар се подготвуваа за дуелот против Фленсбург, стигна потврда дека мечот од ракометната Лига на шампиони е одложен. Средбата требаше да се игра на 11 февруари во 18:45 часот во Германија, но поради строгите протоколи на германските власти, мечот сепак нема да се игра, а македонскиот првак нема да патува на ова гостување во предвидениот термин.
За одигрување на натпреварот ќе се бара друг термин во координација со двете екипи. Инаку претходно ,,Црвено-црните” имаа одложување против екипите на Елверум од Норвешка и француски ПСЖ.
Фото: RK Vardar 1961