четврток, февруари 25, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Чеферин и Бауман: УЕФА и ФИБА делат исти заеднички вредности

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
февруари 9, 2021
📁 Спорт

Андреас Заглис, генералниот секретар на ФИБА, во „Kуќата на кошарката Патрик Бауман“ во Мие, го пречека Александар Чеферин, претседателот на УЕФА. Водечките луѓе на овие меѓународни организации на двата најпопуларни спорта, ја нагласија посветеноста на заштита на европскиот модел на спорт, актуелизирана со најавите на сопствените на пооделни клубови за формирање на затворена, елитна, приватна лига, налик на кошаркарската Евролига која со години директно го загрозува спортскиот модел на Стариот континент кој се темели на домашните шампионати.

„УЕФА и ФИБА ги делат заедничките вредности, засновани на солидарност и отворени натпреварувања“– рече Чеферин при посетата на седиштето на ФИБА. Домаќинот на состанокот, Андреас Заглис укажана на следното:

„Партнерството помеѓу УЕФА и ФИБА е долгогодишно, ние сме многу повеќе од обични соседи. Горди сме што делиме исти вредности и заедно работиме на нивно промовирање“.

Чеферин и Заглис исто така разговараа и за предизвиците на нивните спортови во организирање на меѓународни натпреварувања, како и за потенцијалите на фудбалот и на кошарката да му помогнат на општеството за да се опорави од глобалната пандемија.

„Беше корисно да се разменат мислења за моменталната, доста сложена ситуација и да се разговара за позитивната улога која спортот ја има во помагањето на заедниците да се вратат во нормала“ – рече Чеферин.

Гостувањето на првиот човек на УЕФА, инаку голем љубител на кошарката, беше прилика и да ја види изложбата во „Куќата на кошарката“ каде се наоѓаат бројни реликвии од кошаркарската историја. Меѓу нив е и дресот на Горан Драгич од финалето на Европското првенство, во кое Словенија го освои златниот медал.

Фото и извор: https://kfsm.mk/

ShareTweet
Претходна вест

(Фото) Синот на легендарниот Дрогба потпиша за италијански клуб

Следна вест

Првенство во сала во Србија и пласман на македонските атлетичари

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

(Видео) Меси побара дрес од голман и тој остана во неверица
Спорт

(Видео) Меси побара дрес од голман и тој остана во неверица

✏️ Предраг Јанчески
25/Фев/2021
За Тошевски нема минутажа во Ростов и замина на позајмица
Спорт

За Тошевски нема минутажа во Ростов и замина на позајмица

✏️ Предраг Јанчески
25/Фев/2021
(Видео) Какви само бравурии при пенал серијата на Мицевска за Ница
Ракомет

(Видео) Какви само бравурии при пенал серијата на Мицевска за Ница

✏️ Предраг Јанчески
25/Фев/2021
Гачевски прогласен за трет најдобар голман во Кипар
Спорт

Гачевски прогласен за трет најдобар голман во Кипар

✏️ Предраг Јанчески
25/Фев/2021
Следна вест
Првенство во сала во Србија и пласман на македонските атлетичари

Првенство во сала во Србија и пласман на македонските атлетичари

Последно

(Видео) Меси побара дрес од голман и тој остана во неверица

За Тошевски нема минутажа во Ростов и замина на позајмица

(Видео) Какви само бравурии при пенал серијата на Мицевска за Ница

Гачевски прогласен за трет најдобар голман во Кипар

(Фото) ЖФК Ас Јунајтед генералката ја реши триумфално

(Фото) ФК Црно Буки ангажира ,,Топ” засилувања

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.