Календарот за 2021 година ќе има уште една нова трка – трката за Големата награда на Саудиска Арабија во градот Џеди. Трката е планирана за месец ноември 2021 година.
Станува збор за улична трка во ноќен термин. Трката во 2021 година ќе биде прва трка во Саудиска Арабија и е дел од повеќегодишниот договор помеѓу Формула 1 и Авто – мото федерацијата на Саудиска Арабија (SAMF).