Горан Пандев е најдобриот фудбалер во историјата на Македонија и на свои 37-години сеуште е битен дел од составот на Џенова. На последниот првенствен натпревар против Торино, Гранде Пандев го запиша својот јубилеен настап од 450 натпревари во Серија А.

Македонскиот ас сега се наоѓа на 34 место според бројот на настапи во калчото, а четврти меѓу странските играчи со најмногу настапи во Серија А. На Пандев му преостанува уште со репрезентацијата на Македонија да се пласира на едно големо натпреварување за да ја комплетира својата долга и богата фудбалска кариера.



