Во рамките на 13 коло од Трета лига Југозапад, во спортска атмосфера се одигра дербито помеѓу второпласираниот, тимот на Караорман и третопласираниот, екипата на Црно Буки.
Натпреварот заврши со гостински триумф од 1:3 и со новите три бода, Црно Буки го напаѓа тоа второ место на табелата, додека овој пораз на стружани го искористи лидерот Воска каде што оствари гостинска победа од 2:4 против Дебрца и уште повеќе се зацврсти на врвот на табелата.