Синоќа, веднаш после мечот помеѓу Даг & Ред и Салфорд, беа извлечени паровите за втората рунда од 141. издание на ФА Купот.
Од првата рунда, вкупно единаесет дуели завршија со реми, но и покрај потребата од реванш, екипите веќе ги дознаа своите потенцијални ривали за наредната фаза.
Сите клубови, кои ќе се пласираат во третата рунда, ќе заработат по 34 000 фунти и ќе имаат можност да се соочат со претставниците на Чемпионшип и на Премиер лигата.
Планираните дваесет пресметки од второто коло се закажани за викендот помеѓу 3 и 6 декември.