Стартуваше продолжението на Прва ЖФЛ каде што во Тетово во првенствен натпревар одиграа ЖФК Шкендија против ЖФК Ас Јунајтед од Струга. Во фер и коректна атмосфера, до победа дојде домашната екипа со единствениот гол на Хафа Мустафа.
Во безпоштедна игра од двете страни до нови три бода за Шкендија, иако теовчанки не реализираа удар ид белата точка, а заслужна за тоа има и голманката, Суарта Речи која што после одбранетиот удар на одбиената топка уште еднаш интервенираше и спаси чист гол.
Фото:KFF Shkëndija @KFFShkendija