Денеска започна втората полусезона во Прва ЖФЛ. Во Битола екипата на ЖФК Атлетико го пречека тимот на ЖФК Истатов и во фер и коректна атмосфера, до победа стигна гостинскиот тим со резултат од 0:4 на полувреме 0:1.
Четирите гола ги постигнаа различни стрелци и тоа преку Сара Хусеин, Радица Чонева, Кристина Петрушевска и Ана Милчевска. Домашната екипа на Атлетико, претежно е составена од млади фудбалерки кои што собираат дрогоцено искуство и во иднина се очекува да блеснат во сиот свој сјај.