Македонскиот женски фудбал пред извесен период не беше активен и паднавме на аматерско ниво, но со активирање на репрезентацијата и вклучување во ФИФА натпреварувањата, односно квалификациите, националната селекција го подобри реномето.

Од вкупно 129 рангирани селекции, Македонија е на 117 сила во светот. Македонија напредуваше 12 места, бидејќи последните квалификации за европско ги завршивме со две победи и со шест освоени бодови, а при тоа прв пат во историјата остваривме гостинска победа и тоа против Казакстан и не завршивме последни во групната фаза.

Напредокот на листата за избраничките на селекторот Кирил Изов треба да бидат предизвик и мотив за поголема самодоверба и на следните квалификациски натпревари да прикажат квалитетни игри и да освојуваат бодови со што уште повеќе би напредувале на ФИФА рејтинг листата.