
Во текот на изминатиот викенд, во Тауплитц (Австрија), беа одржани првите овосезонски натпреварувања во ски летови од Светскиот куп.
До двојна победа на леталницата ,,Кулм” дојде Халвор Егнер Гранеруд, кој денес прелета 234,5 и 235 метри.
Со јубилејниот дваесетти триумф, Норвежанецот остана на лидерската позиција во генералниот поредок и го зголеми своето водство на 112 поени во однос на Давид Кубацки.
На втората позиција се искачи Тими Зајц, кој го освои првиот подиум сезонава, а третопласиран беше најдобриот домашен претставник – Штефан Крафт.
Во првите десетмина се најдоа уште: Андреас Велингер, Јан Херл, Пјотр Жила, Мануел Фетнер, Јохан Андре Форфанг, Анже Ланишек и Мариус Линдвик.
Голем успех оствари и Украинецот Јевхен Марусијак, кој постави нов национален рекорд од 210 метри, го зазеде дваесет и шестото место и освои поени за првпат во кариерата.