Џанлуиџи Буфон е изгласан за најдобар голман на сите времиња според жирито составено од 18 активни и пензионирани голмани. Чуварот на мрежата на Јувентус доби големо признание, за еден спортист можеби и највредно бидејќи е избор на неговите колеги.
Џиџи Буфон речиси три децении активно брани на високо ниво и моментално е член на ,,Старата дама” каде што помина поголем дел од кариерата. Дебитираше во 1995 година за Парма, а една сезона беше член на Пари Сен Жермен.
Буфон со седум гласа застана пред легендарните Лав Јашин (пет гласа) и Дино Ѕоф (два гласа), додека по еден глас добија Бенкс, Касилјас, Марузкиевич, Цени, Тафарел и Шмајхел. Стручното жири беше составено од великани како Икер Касилјас, Мануел Нојер, Питер Шмајхел, Сантијаго Кањизарес и неколкумина други.