По повод 8 Март, денес во Скопје се одржа женско ревијално рели. Настанот се одржа во организција на автомобилистичката федерација на Македонија, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, со цел подигнување на свеста и инволвираноста на жените во мотоспортот.
Жените и тоа како се вешти возачи и можат се` што можат и мажите и многу повеќе. Од АМС јавуваат дека и понатаму ќе продолжат со целосна поддршка на жените во спортот и ќе работат на создавање на услови за напредок и победи.