Капитенот Војдан Стојановски и се приклучи на нашата репрезентативна селекција на аеродромот во Софија, а новопечениот репрезентативец на Македонија, Џејкоб Вајли кој игра на позициите 4 и 5 тоа го направи на аеродромот во Франкурт каде се запозна со новите репрезентативни колеги.
Силното американско крило кој пред извесно време доби македонско државјанство и се стекна со право на настап за нашата најдобра селекција, имаше дури два прелета. Првиот од Лас Палмас до Мадрид, а потоа од Мадрид до Франкфурт, а локацијата на која што треба да стигне е – Талин. Џејкоб треба да биде големо засилување пред кошевите за Македонија за дуелите со Естонија и Италија.