Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку денес го постигна 50-от гол за миланскиот гигант и го собори рекордот на ,,Феноменот” Насименто Роналдо. Белгиецот до 70 гола стигна на само 70 натпревари, што е најдобар резултат во историјата на славниот италијански клуб.
Додека бразилецот Роналдо 50 гола за Интер постигна по 77 одиграни натпревари. Инаку средбата помеѓу Интер и Кротоне заврши со резултат од 6:2 за домаќините. Белгиецот оваа сезона има 12 гола во Серија А.