Денеска е последниот ден од Европското првенство за ракомет за жени кое се игра во Данска. За трето место ќе се борат организаторот на континенталното првенство селекцијата на Данска и најголемото изненадување на шампионатот репрезентацијата на Хрватска. Во големото финале ќе играат Франција и Норвешка.
Пред да се доиграат овие два натпревари за медал се објави Ол Стар тимот на првенството меѓу нив се најдоа и две поранешни ракометарки на ЖРК Вардар и тоа крилата Јованка Радичевиќ (Црна Гора) и Камила Херем (Норвешка). За МВП е прогласена французинката Естел Нзе Минко. Во прилог и целиот Ол Стар тим на првенството: