Пауло Дибала поради оштетување на лигаментите во левото колено ќе мора да паузира до дваесетина дена, потврдија од таборот на италијанскиот шампион. Јувентус без Дибала во составот во среда навечер ќе ја пречека Џенова во италијанскиот куп, за веќе на 17 јануари да гостува во Милано против Интер. Суперкуп пресметката против Наполи е закажана три дена подоцна.




