Отвореното првенство на Австралија во тенис во оваа година ќе биде поразличен од сите претходни, а причина е пандемијата на коронавирус. Познато е дека сите тенисери ќе мора да минат низ задолжителен 14-дневен карантин од доаѓањето во Австралија, потоа ќе бидат тестирани неколку пати, а ќе им биде дозволено само ограничено време надвор од хотелите и тренирање во помали групи дури после осмиот ден.
Првиот носител, Новак Ѓоковиќ со Рафаел Надал и Доминик Тим ќе бидат во одвоен карантин во Аделаида, каде правилата нема да бидат толку строги, и тоа налути многу нивни колеги. Сепак, ако некој играч или член на неговиот тим ги прекршат строгите правила, ќе добијат казна.
Казната може да биде парична од 19.000 долари или дисквалификација на тенисерот, во екстремни случаи дури и апсење и депортација од земјата, со забрана за влез во Австралија во следните години.