Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, имал неуспешен обид да го одложи дуелот против Јувентус во италијанскиот Суперкуп, кој треба да се одржи на 20 јануари на стадионот ,,Мапеј” во Сасуоло.
Сепак натпреварот останува да се одигра според закажаниот термин. Како главни причини за средбата да се одложи, Де Лаурентис ги посочил густиот распоред, но и фактот што актуелниот шампион и освојувачот на Купот во Италија ќе треба да играат пред празни трибини.