Флејтата или флаутата е музички дрвен дувачки инструмент, еден од најподвижните и највиртуозните во таа група. Нејзиниот звук настанува како резултат на струење на воздухот низ отворите и е мошне експресивен.

За оваа музичка професија е потребно многу голем талент и пред се многу часови минат труд во вежбање. Во Македонија има таленти и големи професионалци и во оваа сфери, а ние како медиум ќе ви ја претставиме една од најдобрите флејтистки во нашата земја, односно Даниела Петкоска од Охрид.
Петкоска по завршувањето на основното музичко училиште ,,Методиј Патче” во Охрид, своето образование го продолжува во средното Државно музичко училиште во Битола кај професор Александар Стефановски.

Потоа таа ги продолжува студиите во Скопје, на Универзитетот во тој град, каде што професорот Страшо Темков го пренесува несебично своето знаење. По дипломирањето продолжува со магистерски студии во Трст,Италија каде успешно ги завршува и ја номинираат за најдобар студент на Конзерваториумот за музика во Трст.

Младата флејтистка има учествувано на многу културни настани во Македонија со соло рецитали и концерти.За прв пат во 2011 година има учествувано како солист со Македонската Филхармонија.

Има освоено први специјални награди како солист и први специјални награди по камерна музика. Во 2012 таа ја добива првата специјална Награда во категоријата за флејта и третата на Competition of the United Music and Dance Teachers of Macedonia.

Ја има посетувано класата на професор Матеј Зупан во Словенија, како и на професорот Дејан Гавриќ во Србија, а има учествувано и на семинарите на Клаудио Ферарини и Рафаеле Тревисани во Италија, еден од најдобрите професори по флејта во Европа.

Даниела Петкоска има победено и во категоријата за флејта на XV „Сусрети флаутиста ,,Тахир Куленовиќ” во Ваљево,Србија. За прв пат во Македонија ја изведува Хју фантазијата за флејта со Симфонискиот Оркестар на ФМУ, под диригентската палка на Маестро Саша Николовски – Ѓумар. Освен музичката кариера Петкоска сега предава успешно во Загреб,Хрватска.