Вардар 1961 го надигра и совлада Мотор Запорожје со 32:27 во дуел од ракометната СЕХА лига. Сега останува Вардар 1961 да се борат со Нексе за второто место во групата.
Анте Гаџа со 8 гола беше прв стрелец кај скопскиот тим, а крилата Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров имаа по 6 реализации. Стојанче Стоилов даде 4, а Иван Чупиќ три гола. Голманите Ристовски и Кизиќ имаа по 4 одбрани. Следен меч за Вардар 1961 во СЕХА е гостувањето кај Војводина.