
Во пресрет на ,,Роу Ер” турнејата на норвешко тло, од Светскиот куп во ски скокови, беа одржани квалификациите во Лилехамер.
Истите завршија со славје на домашните фанови, кои се радуваа на победата на Јохан Андре Форфанг.
Норвежанецот дојде до првата позиција со најдолгиот скок на денот од 137 метри.
На наредните две позиции се пласираа двајцата најдобри Австријци, Штефан Крафт и Мануел Фетнер, кои заостануваа помалку од еден поен.
Во продолжение, во првите десетмина завршија уште Камил Штох, Константин Шмид, Давид Кубацки, Даниел Хубер, Цене Превц, Халвор Егнер Гранеруд и Жига Јелар.