
Четиринаесеттата овосезонска трка во Мото 3 категоријата се одржа во Мизано за големата награда на Сан Марино и Римини.
Домашните навивачи имаа причина за големо славје, откако по вторпат во низа, односно по четврт пат во 2021, до победата стигна возачот на ,,Леопард Рејсинг” – Денис Фоџа.
Освен Фоџа, на подиумот се пласираа уште двајца негови сонародници, односно Николо Антонели и Андреа Мињо.
Во продолжение, пласман во првите десет изборија уште Серхио Гарсија, Хауме Масија, Дерин Биндер, Педро Акоста, Карлос Татаи, Стефано Непа и Ајуму Сасаки.
Фештите во Италија ќе беа уште поголеми доколку, на девет кругови пред крајот, од патеката не излетеше Романо Фенати, кој веше првопласиран со три секунди предност во однос на останатите конкуренти.



