Јубилејната десетта овосезонска трка, односно осма во две серии, од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки во машка конкуренција, се одржи во австрискиот град Инсбрук.
На неа, Феликс Лох ја загарантира својата седма шампионска титула со нов рекорд на патеката од 49,819 секунди во втората серија.
Германецот победи по деветти пат сезонава, а исто така додаде и едно петто место на спринтот во Винтерберг.
На втората позиција, со само 0,006 секунди заостаток, се пласира првопласираниот од првото санкање – Семјон Павличенко.
Подиумот го комплетираше Јоханес Лудвиг (+0,216), а по него следуваа браќата Давид Глајршер (+0,250) и Нико Глајршер (+0,347), односно братучедите Доминик Фишналер (+0,367) и Кевин Фишналер (+0,477).
📸 Martin Rose/Getty Images



