Холабрун на македонскиот тренер-играч Влатко Митков славеше со 30-26 против Ферлах во најдобрата лига во Австрија. Митков на овој натпревар со 5 гола беше втор стрелец во неговиот тим. Ова е воедно фантастичен камбек во игра после подолг период на 42-годишниот Митков поради повредата минатата година.
За тимот на Ферлах македонскиот ракометар Хари Павлов постигна 2 гола. Ова беше прва победа на тимот на Холабрун во елитата во Австрија.
