Никола Костески и неговиот тим Талент Плзен во 6. коло славеа на гостувањето кај Јичин со 34:37. Maкедонскиот интернационалец со 7 гола беше најдобар стрелец на средбата.
Македонскиот ракометар Никола Костески, и после ова коло останува на чело на листата на стрелци во шампионатот на Чешка со 38 погодоци, пред Јан Купа од Ловосице со 35 погодоци.

Во продолжение уживајте во некои од головите на Костески на последната средба со Јичин.