На Балканското првенство кое на 23-24 Септември се одржа во Бар, Црна Гора малиот Јован Кутаноски поддржан во кампањата „Вложуваме во млади таленти“ од АСОМ, успеа да се закити со златен медал во својата категорија.
Посебно сме горди на одличните резултати на Јован и му посакуваме бројни успеси во следните предизвици!
Достигнувањата на Јован не мотивираат да продолжиме со нашите активности за општествена одговорност кои креираат позитивни промени во заедницата. – стои во објавата на АСОМ.