По третпат во овој милениум, односно првпат после 27 ноември 2013, Монца и Ентела се соочија во меѓусебен дуел.
Како на претходните два, така и денес, екипата на Монца успеа да дојде до триумф. Имено, претставниците на гратчето познато по Формула 1 ги победија своите противници со резултат од 5-0.
Единствен стрелец во првото полувреме беше легендарниот Кевин-Принс Боатенг, кој двапати (10′, 29′) ја затресе мрежата на дебитантот во Серија Б – Алесандро Русо.
Во второто полувреме, на вториот натпревар во низа, погодок за составот на Кристијан Броки постигна Дани Мота (73′). До крајот, уште двапати во листата на стрелците се запиша Марио Сампиризи (82′, 90′).
За Монца, ова беше втор врзан триумф, откако во претходното коло ја совлада Венеција со 0-2. Со новите три поени, ,,Бриенцолите” влегоа во плејоф-зоната, заземајќи го осмото место. Од друга страна, за Ентела ова е седмиот овосезонски пораз, доволен само за последната позиција.
Од наредните натпревари, друштво на ганскиот интернационалец во нападот ќе му прави и Марио Балотели. Италијанскиот ас од неодамна потпиша со Монца, којашто е во сопственост на Паоло Берлускони – братот на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.



