Во меѓусебен дуел, екипите на Хувентуд и на Уникс одлучуваа кој од нив ќе заврши на првата позиција од групата „А“ која носи полесни противници во следната ТОП 16 фаза од Еврокупот. Тимот од Бадалона стигна до победата од 84:77 и најдобра позиција пред следната фаза во ова натпреварување.
Нашиот млад кошаркар имаше директни дуели против некогашниот македонски репрезентативец, Џордан Теодор, кој во меѓувреме се врати во тимот од Казан. Но ниту искусниот американец со македонски пасош не можеше да го сопре Димитријевиќ.
Ненад Димитријевиќ фантастичниот натпреавр го заокружи со 23.поени, имаше и две асистенции, еден скок, една освоена и една загубена топка, индекс-27, за нецели 21. минути на паркетот. За кошаркарите на Хувентуд ова беше деветтиот меч од ова натпреварување. Останува да го одиграат уште еден на гостински терен кај Бург кој претходно беше одложен.



