Првиот натпреварувачки викенд во новата Ф1 сезона се одвива во Австрија каде што, денес, на програмата беа квалификациите.
До пол-позицијата стигна Валтери Ботас (Мерцедес) со време од 1:02,939 минути односно само дванаесет илјадинки подобро од неговиот тимски колега, Луис Хамилтон, кој заврши како второпласиран.
Макс Ферстапен од „Ред Бул“ на утрешната трка ќе стартува од третото место, а веднаш до него ќе се наоѓа одличниот возач на „Мекларен“ – Ландо Норис. Во првите десет се најдоа и Алекс Албон (Ред Бул), Серхио Перез (Расинг Поинт), Шарл Леклер (Ферари), Карлос Саинц (Мекларен), Ленс Строл (Расинг Поинт) и Даниел Рикијардо (Рено).
Првиот возач на „Ферари“, Себастијан Фетел, ги заврши своите квалификации во вториот дел на крајната единаесетта позиција.