Договорот на Езгјан Алиоски со Лидс Јунајтед му завршува на 30 јуни 2021 година. Репрезентативецот на Македонија сеуште нема добиено продолжување на нов договор, а сето ова нуди можност за сите останати клубови кои се заинтересиорани за неговите услуги да го ангажираат во своите тимови.
Еден од заинтерисираните за Алиоски е истанбулскиот гигант Галатасарај, кој чека шанса на лето да го ангажира фудбалерот. Алиоски игра во одлична форма, а претходно настапуваше во швајцарскиот шампионат за Шафхаузен и Лугано.



