По меѓународните контролни натпревари за Еурофарм Пелистер им дојде ред и на пријателски средби со домашни екипи. ,,Фармацевтите” во Битола во салата „Јован Калаузи“ го поразија тимот на Охрид со резултат од 21:19 на полувреме беше 11:10.
Во победничкиот табор Чаневски имаше 15 одбрани, а Стјепановиќ имаше 5 гола, додека кај охриѓани Брауновиќ спречи 9 удари, а Тот 6 пати се запиша во листата на стрелци.
Еурофарм Пелистер:Чаневски (15 одбрани), Трајковски (2 одбрани), Ојлески 2, Мараш 2, Кукуловски, Стјепановиќ 5, Мандалиниќ 3, Граѓан, Маркоски 1, Кукоски, Костески 3, Радовиќ 1, Ѓукиќ 1, Периќ 3.
Охрид:Брауновиќ (9 одбрани), Даниловски (5 одбрани), Андоноски 2, Ивановски, Кривокапиќ, Блажески 1, Костов, Чагаљ 4, Николов, Иваноски, Соколов 1, Младеновиќ 2, Наумоски, Манасков 2, Шулески, Ристески 1, Димитриески, Надев, Тот 6.