Адис Јаховиќ по пауза од три години се врати во Гезтепе и потпиша едно и полгодишен договор со турскиот прволигаш. Јаховиќ 33-годишен голгетер од Анталијаспор повторно се врати во ,,Старото јато”. Инаку македонскиот интернационалец во Турција има уште настапувано за Јени Малатијаспор и Коњаспор.
Во периодот од јануари 2018 до јуни 2019 година, Јаховиќ во 53 настапи за Гезтепе забележа 35 погодоци и 10 асистенции, а посочи дека е среќен што се врати „дома“.
„Пред три години му кажав збогум на мојот дом, што многу влијаеше врз мене и моето семејство. Денес сум среќен како и првиот пат кога потпишав за Гезтепе. Повторно сум дома, а сега е време да се борам како порано“ – изјави Адис Јаховиќ.