Паричната награда која Светската ракометна федерација ИХФ ќе му ја додели на светскиот првак на шампионатот во Египет, може да се каже дека е симболична, и според информациите на ББЦ, изнесува само 80.000 евра. 80 илјади евра која треба да се подели на цел тим од 20-тина лица, е смешна сума за напорот кој е даден да се дојде до титулата.
За споредба, фудбалската репрезентација на Франција, која стана светски првак во 2018 година на Мундијалот во Русија, за титулата доби 29 милиони евра. Затоа, овие 80 илјади за кои се зборува (ИХФ со години ги крие износите на паричните награди) делуваат премалку.