Еурофарм Пелистер планира да продолжи со победничката серија и на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен, меч кој вечерва (20:45 часот) ќе се одигра во рамките од последното коло во групите од Европската лига на ЕХФ.
Пелистер како домаќин против Кадетен ремизираше во првата средба со 25:25 во битолската сала, затоа вечерва триумф на нашиот претставник е единствена опција, со кој и би го поминал денешниот противник на табелата во групата Д на третото место, а во одредено сценарио достижно е и второто место.
Пелистерци дефинитивно ќе играат во нокаут фазата, но добро ќе биде за нив да се одржи позитивниот биланс во 2021 година. Ќе има и ТВ пренос на МРТ од 20.45 часот.
Фото: RK Eurofarm Pelister @hceurofarmpelister



