
На третиот овосезонски меѓусебен дуел, во рамките на дваесет и третото коло од шкотскиот Чемпионшип, Коув Ренџерс загубија од Ер Јунајтед.
Имено, дебитантите во втората лига, не можеа да се носат со поискусните ривали и беа поразени на ,,Балморал Стадиум” со убедливи 0-5.
После првото полувреме, гостите имаа водство од минимални 0-1, откако за првпат сезонава стрелаше Николас МекАлистер (21′).
Сепак, во вториот дел, најголем впечаток остави Џош Малин (61′, 89′), кој имаше два гола и една асистенција, а исто така, во листата на стрелците влегоа уште Бен Демпси (55′) и Фрејзер Брајден (82′).
На табелата, Коув Ренџерс останаа на осмото место со четири бода предност во однос на плејаут-зоната, додека Ер Јунајтед се искачи на втората позиција.