
Екипата на Каљари го отвори дваесет и второто коло на италијанската Серија Б со триумф од 2-1 над СПАЛ.
На мечот, претставниците на Сардинија поведоа со голот на Џорџо Алтаре (15′), но гостите од Ферара израмнија до крајот на првото полувреме преку Рафаеле Челија (42′).
Во вториот дел, триумф на домаќините им донесе Џанлука Лападула (76′) со осмиот погодок во тековната сезона.
До крајот, поразениот тим, освен дефицит на семафорот, имаше и дефицит на теренот, откако директен црвен картон заработи Фабио Маистро (90+6′).
Емотивен момент пред средбата беше срдечниот поздрав помеѓу двата тренери, Клаудио Раниери (Каљари) и Даниеле Де Роси (СПАЛ), кои се легенди на италијанскиот и на светскиот фудбал.
Со натпревар повеќе во однос на ривалите, Каљари скокна на петтото место, притоа оставајќи го СПАЛ на четиринаесеттата позиција.