Репрезентацијата на Македонија пристигна во Никозија каде што утре (среда) ќе го одигра последниот натпревар од Лигата на Нации против Ерменија. Репрезентативците одржаа полесен тренинг, а очекувањата за натпреварот со Ерменија ги искажа играчот на Шкендија, Еннур Тотре:
,,Се пласиравме на ЕП, тоа го остваривме, секој натпревар е важен и го цениме. Знаеме за Ерменија за тимот, но за нас најважно е да ги спроведеме на дело задачите од стручниот штаб. Имаме многу промени, многу играчи недостасуваат, но јас верувам дека ќе го дадеме максимумот тие што сме тука. Важно е да бидеме први во оваа група, која носи пласман во Б сегментот” – изјави Енур Тотре.



