Интересот за електричните возила во Норвешка во континуитет се зголемува што резултира со истиснување на возилата опремени со бензински или дизелски мотор од пазарот. Од моделот Taycan на Porsche веќе се продадени во Норвешка 1000 примероци.
Токму илјадитиот примерок на Taycan во Норвешка беше испорачан од салонот во Осло, а новиот сопственик при тоа изјави дека ова му е петто Porsche во неговиот живот.